„Градот Убав“ – прва галерија на отворено за урбана и графити уметност во Скопје

Бунтовниот дух на уличната уметност и градските власти конечно постигнаа договор со една цел разубавување на празниот јавен простор доближувајќи ја урбаната култура до поголем број луѓе.  Налик на подземните сообраќајници во светските метрополи Скопје ја доби првата галерија на отворено со графити и мурали. За иницијаторот на овој проект Филип Конески  љубовта кон архитектурата и уличната уметност се клучни.

„Оној период кога се плашевме дека ќе го изгубиме ГТЦ од друга страна не прецепирањето на јавноста за неговите вредности ме поттикна да размислам што се може со овој проект . Од друга страна ова е само една можност што може се случи со овој простор“, кажа Филип Конески, иницијатор на проектот.

„Убаво е чувството да црташ во сопствениот град легално без никакви проблеми и потребни се повеќе вакви случувања. Првенствено е  генерално евтино, второ е ефикасно, трето е шарено и убаво за сите“, кажа Цветан Неделковски, графити артист.

„Зошто да биде се само сивило ете поминува автобусот и може луѓето си гледаат, отворена баш галерија стреет арт и графити галерија“, кажа Драган Китановски, графити артист

„За многумина Градскиот трговски центар има посебно значење и крие во себе многу носталгични моменти кои со ваквите проекти добиваат една сосема нова димензија, кажа дџ Зоки Бејбе.

Пред се овој простор е простор каде јас израснав како дете и особено кога возам лонгборд јас не се спуштам многу далеку, така што тука се учев кога поминував.  Нашите графити артисти се извонредни и на ваков начин да биде анимиран градот е еден добар чекор.

„Градот убав“ е дел и од програмата CreArt  , која претставува мрежа на 14 партнерски градови и институции (меѓу кои и Градот Скопје и МКЦ), на европското културно богатство и разноликост, чија цел е промоција на меѓународниот креативен сектор преку тренинзи, размени и изложби на визуелни артисти.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ