
„ Господ постои, името и е Петрунија„ со две награди од фестивалот во Тирана
Филмот „ Господ постои, името и е Петрунија“, на Теона Стругар Митевска, ја освои главната награда за најдобар филм и награда за најдобара женска улога за Зорица Нушева, на штотуку завршениот Деа Филмски фестивал во Тирана. Зад одлуката стои претчлено жири , предводено од холанѓанката Клаудиа Лансгенберг. На церемонијата во Тирана присуствуваа носителката на главната улога, Зорица Нушева и актерот Џевдет Јашари, кој во филмот игра тв снимател. Филмот „ Господ постои, името и е Петруниа“, овој месец ќе биде прикажан на фестивали во Романија и Украина. А по дистрибуцијата во Франција, која започна на 1 мај, филмот доби одлични критики во тамошните медиуми.