
„ Господ постои , името и е Петрунија“ освои 7 награди за еден викенд
На три фестивали „ Господ постои, името и е Петрунија“, освои седум награди. Започнувајќи со Филмскиот фестивал во Мароко, Salé Women Film Festival, филмот „ Господ постои, името и е Петрунија“, освои три награди. Специјалната награда од жирито за режија, ја доби режисерката Теона Стругар Митевска, наградата за најдобар актер ја доби Зорица Нушева и главната награда доделена од УНЕСКО, ја освои македонскиот филм „… Петрунија “, а признанието го споделува со грчкиот филм „ Нејзината работа“, на Никос Лабот. Апсолутен фаворт на фестивалот во Мароко беше „…Петрунија“, каде беше одлично примен од страна на публиката, жирито, филмските професионалци и новинари, се вели во соопштението од „ Сестри и брат Митевски Продукција“.
После Мароко, во соседна Србија, на штотуку завршениот Интернационален фестивал на филмската режија, „…Петрунија“, понесе две награди. Главната награда за најдобра режија ја доби Теона Стругар Митевска, која е и парична и изнесува 4000 евра, и наградата за најдобра актерка ја доби Зорица Нушева.
Во Словенија на Филмскиот фестивал во Порторож, посветен на словенскиот филм, наградата за најдобар филм од малцински копродукции, во конкуренција од осум одлични филмови, меѓу кои се српскиот „ Шавови “ и хрватскиот „ Дневникот на Диана Будисављевиќ“. наградата Златна Весна, ја доби македонскиот филм „ Господ постои, името и е Петрунија“. На фестивалот на овој наш филм му беше доделена и уште една награда и тоа од Здружението на уметнички кина на Словенија. Со овие две награди „… Петрунија“, може да се каже дека ја освои и Словенија, како што целосно ги освои жиријата насекаде во регионот и секаде каде што беше во натпреварувачка програма се закити со највисоки признанија.
На истекот на летото, по само седум месеци фестивалска турнеја „…Петрунија“ апсолутно го освојува светот, со (досега) 21 награда и кино дистрибуција во 35 земји. Есенва, филмот ќе биде прикажан во редовниот кино репертоар, на големите пазари во Италија, Германија, Шпанија, Полска, како и во соседна Грција, се вели во соопштението.