„ Господ постои, името и е Петрунија“ , награден со ФИПРЕСЦИ на „ Мотовун“

На штотуку завршениот Филмски фестивал во Мотовун- Хрватска, „ Петрунија“, ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ. На меѓународниот фестивал во Мотовун, 20 одлични филма се натпреваруваа за само двете награди што се доделуваат. Главната награда- Пропелер, овој пат ја доби исландскиот филм “Бел бел свет” и наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ, за филмот “Господ постои, името и’ е Петрунија”. Тричленото жири во состав : Маријана Јаковљевиќ, Јел Шот и Јасмила Шепетач, едногласно одлучи наградата ФИПРЕСЦИ да ја додели на “Господ постои, името и’ е Петрунија”, на Теона Стругар Митевска. Во образложението се вели:

“Главната актерка (Зорица Нушева н.з.), не освои со одличен актерски израз и брзо не увери  дека главниот лик е паметна жена која е комплексна личност и која ја открива нејзината моќ во текот на филмот. Таа е симбол на потребата за слобода во многу свери и укажува на неопходните промени. Филмот е црна комедија, врвно изрежирана, монтирана, динамична и брзо го вовлекува гледачот во неговиот свет. “
„ Fédération Internationale de la Presse Cinématographique“, е најстарото и највлијателното друштво на филмски критичари во светот, обединувајќи критичари од 50 земји. Наградата која ја доделува ова здужение, со нивните меѓународни критичари, носи голема популарност меѓу филмските автори. Филмскиот фестивал во Мотовун, е 37 ,по ред филмски настан во светот, каде се доделува оваа награда

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ