
Фримзим Даути нов директор на НУБ „ Свети Климент Охридски“
Националната и универзитетска библиотека„ Свети Климент Охридски“, доби директор со полн мандат. Тоа е Фримзим Даути, правник по професија и член на партијата ДПА, велат од библиотеката. Даути е поставен на функцијата, со решение на министерот за култура Асаф Адеми, од 8 ноември, годинава. Тој доаѓа на местото на досегашната в.д. директорка на НУБ, Сенка Наумовска. Таа беше поставена на функцијата со решение на претходниот министер Алаѓозовски, во август 2017 година.