Фолтин : Културата е во статус кво состојба

Културата во државата е во статус кво ситуација, вели вокалистот на групата Фолтин, Бранислав Николов. Во интервјуто, по повод објавувањето на осмиот студиски албум на групата, насловен „ Момома“, членовите на Фолтин зборуваат за претстојната промотивни концертни настапи за новиот албум,  за нивната музичка мисија и за инспирацијата за новите песни која, како што велат, потекнува од новата татковска улога, кај дел од членовите на групата.

Се одржа промоцијата на осмиот по ред албум „ Момома“. Нудите 6 песни. Како настанаа тие ?

Кај некои луѓе имавме некои поместувања на подобро, во квалитетот на животот. Значи превзедовме татковска функција, од многуте функции што мажите ги имаат. Така што се роди кај нас едно смирување и веројтно е до сега, не веројатно, туку сигурно првиот албум имаше таков квалитет. Еден од попитомите албуми . Обично сме доста диви и доста динамични во албумите. Овде сме постојано питоми. На сцената се надеваме дека ќе остане енергијата и динамиката, вели Николов.

Ние некако по природа, така се случи, на три години вадиме албуми или некогаш за помалку. Мислам дека е тука од прилика, просекот. На 3-4 години. Ама се случуваат од животното темпо, вели Пеце Трајковски.

Важите за забавни, непосредни луѓе. Но, како настанува вашата музика? Постојат ли креативни конфронтации во тој процес ?

Нормално дека има конфронтации. На пример, секогаш на маса се носи некоја тема или некое парче музика, кое што подоцна се развива. Има фази на развој, сите тие работи…И нормално, дека има конфронтации кои на крајот секако испаѓаат  позитивни, смета Славчо Јовев.

Во последно време поготово, функционираме онака баш како самоуправен систем. Така што секој може да каже. Нема хиерархија со врв и со подножје, туку сите се важни многу. И замислете 5 души да се сложат за една работа, колку е тешко. Така што таа предност и недостаток постои цело време. Меѓутоа, ние го живееме тоа и ни стана наша природа, тврди Николов.

Најавивте турнеја врзана со албумот „Момома“. Да ни кажете, каде се ќе настапите, од она што е веќе договорено.

Турнејата се гради сеуште. Значи има некои свирки кои што се веќе договорени. Имаме во Германија два настапи, имаме во кино Шишка во Љубљана , имаме настап на Ленд фестивалот во Марибор и сега преговараме , помеѓу , во тој празен простор , како еден начин на промотивна активност , надвор од оваа земја. И во Македонија , исто ќе имаме промотивни концерти. Првиот ќе биде во Скопје. Уште го планираме, за некаде во мај. Се надеваме во втората половина на мај, секако, вели Трајковски.

„Момома“ е издаден со подршка на Министерството за култура. Каков е вашиот став, генерално како стоиме во културата, денес?

Се е јасно. Јасно е да ! Статус кво. Се тече, ништо не се менува, оценува Николов.

Како ја разбирате вашата мисија, да се биде „Фолтин“, сега и овде ?

Видете, ние на пример работиме… Секоја нова инспирација, секој нов албум или нова песна што ја работиме, на пример, е едноставно од нашиот порив , инспирирана. Ние тоа знаеме да го работиме и тоа го работиме. Не можеме да избегаме со себе си, вели Јовев.

Антените се извадени секогаш. Убаво кажавте, како сега и овде? Сега и овде. Се живее во моментот. Историјата е во историјата, иднината е за генерациите што ќе бидат во својот подем, тогаш. Ние можеме да нагаѓаме. Нормално, во природата на човекот е да почувствува, да оди малку понапред, некогаш. Меѓутоа, со овој албум ние се враќавме назад малку со звукот. Значи како одат годините, сите сме по малку носталгичари. Ете така, заклучува Николов.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ