Фолтин го промовираше осмиот албум „ Момома“

Гозба за учени уши и најзрело остварување до сега. Со овие зборови писателот Дејан Трајковски го промовира осмиот студиски албум на групата Фолтин, насловен „ Момома“.

Неговата концертна промоција во Скопје ќе се одржи во Мај, а турнејата ќе започне во Јуни, низ Европа.

Според вокалистот на групата, Бранислав Николов, „ Момома“ нуди стандардни нумери кои групата ги направила како своевиден експеримент.

„ Момома“ е збирка од 6 постандардни песни, од она на кое што сме навикнати сите, и вие и ние, да слушаме од Фолтин. Значи направивме албум со песни и тоа за нас претставува своевиден експеримент. Како што правиме цело време експерименти, кога сме стандардни, за нас е експеримент. И очекувањата на сите страни се во недоглед. И позитивни и негативни, нормално, вели Николов.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ