Филмот „ Исцелител“ избран за македонски кандидат за Оскар за 2019

Филмот на режисерот Ѓорче Ставрески, „ Исцелител“, е избран за македонски национален кандидат за наградата Оскар на Американската филмска академија, соопштуваат од Друштвото на филмски работници на Македонија. Зад одлуката стои комисија при ДФРМ, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер.

Комисијата е прифатена и одобрена од Американската Академија. Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“, во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“, во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“, во режија на Куштрим Бектеши, и „Ругањето на христо“, во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од ДФРМ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ