Филмот „Дедо и внук“ на Илија Пиперкоски пред скопската публика

По охридската премиера, скопската публика од вечерва ќе може да го види филмот „Дедо и внук“ на Илија Пиперкоски.

Главните улоги во филмот ги играат: Салетин Билал, Даниела Ивановска и Дејан Лилиќ.

Пиперкоски, кој е и сценарист на филмот, создал филмско дело кое е фокусирано на проблемите со здравството, политиката, корупцијата но и меѓучовечките односи  на релации: момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Филмот е македонско-романска копродукција.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ