Филм за композиторот Филип Глас на зимското издание на Скопје Синема Сити

 

На 5 и 6 февруари со почеток од 19 часот, во  Кинотека на Македонија ќе се орджи зимското издание на фестивалот Скопје Синема Сити, насловено како „Загревање“. За време на овој дводневен настан ќе бидат прикажани 4 филмови, почнувајќи со остварувањето на режисерот Ерик Дармон, за реномираниот филмски композитор Филип Глас, „Гледајќи го Глас“. Во декември 2019 година, фестивалот му ја врачи наградата за животно дело на Глас, за достигнувања во музиката и филмот и по тој повод ќе го прикаже овој филм. Денеска (31.01) Глас полни 83 години и сеуште е активен и како композитор и како изведувач. Тој е еден од четирите основоположници на „минимализмот“ , правец во класичната музика кој во ‘60те и ‘70те години на 20 век направи револуција во класичната музика. Зад него е огромен опус кој се состои од голем број  симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, за соло инструменти, хорска музика, итн.

Истата вечер ќе биде прикажан и филмот на Фолкер Шанер за даб реге легендата, Ли Скреч Пери, именуван како „Визијата за рајот на Ли Скреч Пери.“

На 6 февруари ќе бидат прикажани филмовите „Queen:  Приказната зад Боемската рапсодија“ и „Постигни или умри: Приказната за пијанистот Ланг Ланг“.

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ