Филип Фидановски нов претседател на Друштвото на ликовни уметници

Друштвото на ликовни уметници, на редовно годишно Собрание, избра нов претседател и членови на управните тела. Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на ДЛУМ, а за потпретседател е избрана Марјана Костојчиновска Узунчева. Тие се дел од Управниот Одбор, во чиј состав членови се и Златко Бојковски, Христијан Санев и Шкипе Мехмети.

За нов претседател на Уметничкиот совет избрана е Дијана Томиќ Радеска, а членови се : Симонида Филиповска Китановска, Жани Гелевска, Марија Светиева, Маја Кировска, Новица Трајковски и Стефан Димовски.

Со ова се заокружува новата постава за четиригодишниот мандат на раководни тела на ДЛУМ, кое ќе ги застапува интересите на уметниците членови на овој ликовен еснаф.

Ексклузивно за Телма, новиот претседател на ДЛУМ, Филип Фидановски изјави дека приоритет ќе му биде обезбедување нов галериски простор за потребите на Друштвото на ликовни уметници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ