
Фемиграции: Уметност за правата на бегалците
Делата во поставката насловена „Фемиграции“ се микро наративи кои го разоткриваат големиот и горлив наратив за бегалските кризи, за жената која храбро мигрира на друго место во потрага по живот во кој целосно ќе ги ужива своите права. Во ваков трагичен вртлог жените најчесто први реагираат во криза и се клучни во грижата и одржувањето на нивните заедници, смета Франговска.
„Ова е еден интересен аспект како авторката уметникот приоѓа кон овој мошне често гледан правно феномен за човекови права, за правата на бегалците и секако за правата на жената“, вели кураторот на изложбата на Ана Франговска.
„Конкретно оваа изложба е начин да се допре до широката маса преку мислата и процесот на изразување на уметниците во Македонија, меѓутоа жени уметници за жени бегалки“, вели прокето офицерот Нита Чаволи.
„Тука имаме интересен приказ на 21 ликовен израз коишто се затворени на еден концептуален начин во кутија, медиумски не се ограничени авторките, меѓутоа ограничен им е просторот за ликовно изразување што всушност на некој начин го претставува и ограниченото движење на самиот мигрант и на жената мигрант во било кој контекст“, вели Франговска.
„Во изминатиов период ние се фокусиравме активно во спроведување на вакви активности кои што подразбираа снимање на видеа на самите бегалци кои што преку видеата ги прикажуваа своите приказни“, вели координаторот на проектот Назиф Авди.
За Ана Франговска ваквиот ликовен предизвик на „Фемиграции“ треба да биде мотивација за уште многу други дискусии и анализи со што ќе се актуелизира проблемот на бегалците во целиот свет, имајќи предвид дека ликовниот јазик е лесно достапен и разбирлив за публиката.
Нина Стефанова