
Етнолошкиот музеј прослави 70 години постоење заборавен од надлежните институции
На приземјето прослава за 70 години од формирањето на Етнолошкиот музеј, а на горните катови-тажна слика: Влага ги нагризува таванот, ѕидовите и подот на музејот.
Според кустос- советникот Елизабета Конеска, несреќно решение е местоположбата на зградата, изложена на каптажна влага, но и покривот кој неколку пати беше поправан, не е целосно завршен.
Во овие околности, дел од експонатите се тргнати и нема услови за нова постановка од 2002 година, наваму.
“Во вакви услови, каде што често се трудиме да го спасиме материјалот бидејќи и витрини скапаа и паѓаа и го спасувавме материјалот. Ткаениците и килимите се тргнати, бидејќи беа во влага често изложени. Не можете да размислувате за нова концепција” – вели кустосот-советник во етнолошкиот оддел, Елизабета Конеска.
Околу 20 илјади експонати се наоѓаат во музејот. Но, збирките не може да се обновуваат зашто Министерството за култура не издвојува доволно сретства.
(изјава: Елизабета Конеска-кустос-советник во Етнолошкиот оддел при Музејот на РСМ)
“Или тие што ги даваат се толку минимални, да не знаете дали да ги прифатите. А, имате ситуација , ако не ги прифатите, ќе излезе дека ништо не работите” – вели Конеска.
Во тие околности понудените на откуп , експонати се враќаат или се сугерира понудувачите да ги продадат на колекционери. А, по големата кражба на археолошки предмети во 2013 година, постапката за добивање подароци со заверка кај нотар, е непотребно правно- административно усложнета.
Од Министерството одговараат дека ја знаат ситуацијата и дека во програмата за идната година, ќе бидат издвоени сретства за санација на објектот и за дворното место, но и дека за 2020 од музејот не побарале средства за откуп на експонати, што не значи дека не може да се направи дополнително.
Сотир Трајков