Ермис Лафазановски со „ Туја“ македонски конкурент за „ Балканика“

Писателот Ермис Лафазановски , со книгата „ Туја“, е наш национален претставник за меѓународната книжевна награда  „Балканика “ .На конкурсот, што традиционално го објавува издавачката куќа „Магор“, пристигнале уште други 6 книги:  „Апокалипса.мк “, од Бранко Прља, „Океан од слики “, од Томислав Османли, „Земја на бегалците“ од Кица Барџиева Колбе,  „Диссомнии“ од Игор Станојоски, „Божја честичка“ од Глигор Стојковски и „Последното име на иднината“ од Живко Гроздановски. Од нив три влегоа во потесен избор, велат од Магор. Книжевната манифестацијата „Балканика“, годинава ќе се одржи во Букурешт – Романија, од 14 до 16 декември.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ