Ексклузивно Оскари на Телма
Преносот од 91-то доделување на филмските награди Оскар ќе се емитува в недела, 24-ти февруари на ТВ Телма, која ги откупи ексклузивните ТВ права во соработка со агенцијата Миракс.
Најгламурозната церемонија на доделување награди во светот ќе се одржи во театарот Долби во Центарот Холивуд и Хајланд, каде ќе се најдат најголемите ѕвезди во филмската индустрија. Настанот ќе го пренесуваат преку 225 држави во светот.
Членовите на Американската Академија на филмски уметности и науки ќе ги наградат најдобрите филмови во 2018-та.
Февруари ќе биде месец на Оскарите на Телма. Секоја недела почнувајќи од 3-ти февруари, во 20 ч. ќе се емитува циклус емисии „Патот на Оскарите“ кои ги подготвува Миланка Рашиќ, за највпечатливите моменти од историјата на Оскарите, наградуваните режисери и актери, незаборавна филмска музика, модата на црвената патека.
По емисијата ќе се емитува филм награден со Оскар.
Номинациите за најпрестижната филмска награда ќе бидат соопштени во вторник, 22.01.2019.