Доделени наградите и отворена изложбата ДЛУМ „ Мал формат“

Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во салонот Империал 1, при Културно информативниот центар во Скопје,  ја отвори традиционалната годишна изложба,  насловена „Мал формат“. На неа учествуваат 48 автори, членови на ДЛУМ, чии дела се изработени во последните две години. Делата се работени во сите ликовни медиуми. Во рамките на отворањето на изложбата, Друштвото додели 3 награди. За сликарство, наградата ја понесе Стефан Хаџи Николов, за графика, Срѓан Миќиќ, а за скулптура, Златко Бојковски.

Културно Информативниот Центар, исто така додели 3 награди : „Константин Мазев Коце“, ја освои Филип Фидановски,  „Вангел Коџоман“ за Мирослав Мишо Вељковиќ, а наградата „Адем Кастрати“, ја понесе Марија Мицова Гацова.

Изложбата „ Мал формат“, ќе биде отворена до 28 декември

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ