
ДКСК за 60 дена ќе ги истражи резултатите од Годишната програма за култура
На Државната комисија за спречување корупција, ќе и требаат два месеци да истражи како се распределувале сретствата во Годишната програма за култура. Според претседателката на Комисијата, по отворениот предмет тие добиле обемен материјал од Министерството за култура и за да го истражат целосно, ќе го искористат законскиот рок од 60 дена.
- Отворивме предмет, добивме податоци од Министерството за култура. Малку пообемен е тој предмет и бара повеќе време. Така што , за тој премет ќе го користиме законскиот рок од 60 дена, да го обработиме. Не заради друго, зашто има многу апликации, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
ДКСК отвори предмет , откако на 8 февруари Министерството за култура ги објави резултатите од Годишната програма за култура, а јавноста негодуваше дека сретствата се распределени преку етнички и партиска врски, и дека се подржани новоформирани фирми , наспроти докажани културни манифестации и фестивали. Потоа следеа реакциите на премиерот Заев и на министерот за култура Адеми, дека Годишната програма треба да се ревидира. Но, по спроведената ревизија од страна на комисиите, дел од културните оператори , кои првично не беа субвенционирани, добија сретства, но недоволно, како што рекоа, за квалитетно организирање на настаните. Најдрстичен пример беше со манифестацијата на СОКОМ „ Денови на македонска музика“, на која првично и беа доделени 1, 5 милиони денари, а со ревизијата на резултатите од Програмата и тие сретства и беа одземени. За распределбата на сретставата по конкурсите за подршка на проекти од национален интерес, на барање на опозицијата, Собраниската комисија за култура одржа една надзорна расправа, а се очекува уште една, до крајот на месецот.
Сотир Трајков