Џунглата на музичкото училиште ги почна карневалските свечености

На нозе, со десетминутни овации струмичани ја поздравија џунглата на музичкото училиште Боро Џони од Струмица. Двесте ученици од 7 до 14 години и малиот колектив професори направија спектакуларен концерт под маски и влез во годинешните карневалски случувања.

Три до четири месеци активна работа и многу труд им носат на вредните музичари и европски признанија. Претставниците на Европската асоцијација на карневалски градови ги одликуваа со медал за нивната креативност.

Синоќа се отвори и изложбата со најдобрите фотографии од минатогодишниот карневал. Наградата за најдобра фотографија ја доби Ѓорги Личовски. Вечерва е големиот маскенбал на којс е избираат принцот и прицезата кои утре ќе ја предводат кралската свита на големот карневалско дефиле.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ