
„Денес се е џез“
„Денес се е џез“ во организација на Здружението на џез музичари и оваа година на сите љубители на џезот и добрата музика ќе им понуди разнолика програма со која уште еднаш ќе потсети за важноста на џез музиката која во континуитет пркоси на сета естрадизација на која сведочиме изминативе години, велат организаторите. Во програмата која ќе трае до полноќ во МКЦ се опфатени настапите на СЕТСТАТ , Биг бендот на Здружението на џез музичари, Парушн квартет, Џијан Емин и Арменд Џафери и уште многу други.
- Ние секогаш се обидуваме да бидат застапени нови музики компонирани или цпецијално за овој настан или од грипи кои имаат нови албуми издадено за годинава или барем од минатата година, вели Гоце Стефковски, организатор на фестивалот.
Ваквите настани се можност да си го поставиме прашањето колку на младите луѓе кои се запишале на Џез катедрата во Скопје и Штип им се дава простор да го покажат тоа што го знаат, смета Иванов.
- Има многу заинтересирани млади музичари за џез музика да научат и ние имаме музичари кои точно знаат како се свири и треба да се даде шанса и ќе има многу добар ефект во сите музики, не само во џезот, вели Иван Иванов, саксофон.
- Гоце дојде на идеја да направиме проект заедно со Арменд Џафери кој е еден прекрасен гитарист, роден во пришина и има завршено џез академија во Грац и е фантастичен музичар, солист и вечерва ќе изведеме неколку негови и неколку мои композиции кои ќе бидат преплетени со многу импровизации, рече Џијан Емин, изведувач.
Во рамките на македонското чествување на Меѓународниот ден на џезот Здружението на џез музичари ќе му ја врачи наградата за посебен развој на џез-музиката во Македонија на Илија Пејовски, истакнатиот композитор и пијанист.
Нина Стефанова