Дали Министерството за култура се откажува од реформите во оваа област ?

Дали Министерството за култура, се откажува од реформите , е прашањето што се наметнува по информацијата дека советодавните функции на Златко Теодосиевски и на Донка Барџиева Трајковска , завршуваат, со известувањата што ги добиле по новогодишните празници ? Информацијата, со известувањето, на Фејсбук ја објави Златко Теодсиевски. Тој е координатор за спроведување на Националната стратегија за култура 2018-2022 година и член на работната група за ревизија на проектот Скопје 2014. Теодосиевски на ФБ напиша дека очекувал реформите во културата да почнат, а не да завршат.

  •  Меѓу првите честитки во Новата 2019 ми беше и од министерот за култура, со известување дека „нема потреба од мое понатамошно ангажирање како стручно советодавно лице за креирање на културни политики за 2019 година“. Јас, наивен, мислев дека реформите допрва почнуваат, а тие штотуку – завршиле, вели Теодосиевски.

Исто такво решение, ни потврди дека добила и Донка Барџиева Трајковска. Таа е член на работната група за ревизија на проектот Скопје 2014, работи на измените на Законот за заштита на културното наследство, на Листата на културното наследство, како и на ревизијата на работата на Управата за заштита на културното наследство. Телма ги контактира двајцата, но тие одбија да дадат изјави, со образложение дека ќе почекаат да видат дали денеска ќе бидат повикани од министерот за култура Асаф Адеми, кој деновиве беше на пат во Турција, за да им ја образложи одлуката , зошто им завршуваат советодавните функции. Теодосиевски и Барџиева Трајковска немаат официјални решенија дека функциите во Министерството за култура им завршуваат, па евентуалната средба со министерот Адеми, ќе биде и во насока на расчистување на тој аспект. Тие добија решенија за стручни советодавни лица од претходниот министер за култура Алаѓозовски, во 2017 година. А, Теодосиевски беше советник во ресорот Култура и пред 20 години, во кабинетот на министерот Димитар Димитров. Како што вели во објавата на ФБ, тогаш без благодарност за сработеното, исто така бил избркан.

С.Т.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ