
Блажевска: Треба да се сменат критериумите за доделување на наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“
Оваа година нема добитник на Државната награда „Мито Хаџивасилев – Јасмин”, која 50 години се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Претседателката на Комисијата новинарката Катерина Блажевска, за Телма вели дека ниту еден од шест кандидати за публицистика и тројцата за новинарство не го добиле потребното мнозинство гласови за добивање на наградата.
Сепак таа проблемот го гледа во критериумите за наградата кои се застарени. Блажевска лично ќе го информира министерот за културa, но и Собранието за потребата од менување на критериумите за за да не се повторуваат вакви ситуации.
Tамара Грнчароска