
Бели и празни ѕидови наместо изложени дела
Бели и празни ѕидови наместо изложени дела е сликата која ќе ве пресретне на годинашната изложба на Друштвото на ликовни уметници во Мала станица. 74 уметници чии дела требаше вечерва да бидат изложени на овој начин го изразија својот револт кон политиките на Министерството за култура и нивните дела може да се видат само во каталогот за изложбата.
Со погрешните политики ја погребаа уметноста, вели Фидановски и затоа се овие црни ленти на кои секој уметник со свој став ќе посведочи за тоа.
ДЛУМ бараат власта да им обезбеди трајно решение за галерија зашто новиот простор кој го добија во Градскиот трговски центар можат да го користат бесплатно само 120 дена во годината.
Нина Стефанова