Ацо Костов е нов директор на Управата за заштита на културното наследство

Ацо Костов е назначен за нов директор на Управата за заштита на културното наследство. Тој доаѓа на местото на пензионираната директорка на Управата, Елеонора Петрова- Митевска, велат од Владата.

  • На седницата одржана на 10.септември, Владата констатираше престанок на работниот однос поради стекнати услови за пензионирање на Елеонора Петрова-Митевска и го именува Ацо Костов за нов директор на УЗКН, велат од Владата.

Ацо Костов по професија е архитект и во УЗКН доаѓа од Националниот конзерваторски центар, каде работел долго време.Според извори на Телма, тој бил еден од тројцата кандидати за нов директор на Управата за заштита на културното наследство и е најдобриот избор за директор меѓу останатите кандидати. Костов треба во најскоро време да го депонира својот потпис во повеќе институции, по што и официјално ќе му започне мандатот.

Со назначувањето на Ацо Костов за директор на УЗКН, престанува едномесечниот застој во работата на оваа национална установа која остана без раководно лице, откако во текот на летото, Елеонора Петрова-Митевска замина во пензија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ