
Анди Исмаили светски шампион во современ танц за деца
Младиот анди исмаили од танцовото студио „I dance” од гостивар е новиот светски шампион во категоријата современ танц соло деца на светското првенство кое се одржува во Осса, Полска.
Победничката кореографија со наслов „Don’t answer the phone” е дело на Андријана Петковски од „Брејк а лег”, додека тренери на анди се Вулнет Незири и Сарита Селмани од танцовото студио „I dance”.
Следен предизвик за овој исклучително талентиран танчар е европското првенство во џез, современ и класичен балет кое ќе се одржи во скопје во национална опера и балет.