Анди Исмаили- добитник на светска награда во танц

Детскиот ведар дух позитивната енергија и талентот на шестооделенецот Анди Исмалил ја освои Полска, каде на светско првенство стана светски шампион во модерен танц. За само две години, откако почнал да се занимава со оваа уметност има освоено многу награди, признанија и медали. Анди вели дека кога танцува се чуствува свој и слободен.

Љубовта и желбата за танцување му дојде спонтано, вели таткото на Анди. Напорното вежбање и надградуавње на крај го донесе резултатот.

Талентираниот гостиварец, титулата светски шампион годинава ја освои со кореографија на Андријана Петковски

Од семејството на Анди се надеваат дека во иднина државата ќе обезбеди финансии за натамошните напреварувања. Последното како што велат го платиле од сопствен џеб.

Анди како што вели нема да се откаже од танцот, кој секој ден го прави исполнет и желба за натамошни успеси.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ