
Афонсо Круш: Културата може да биде профитабилна
Луѓето имаат бројки наместо имиња, материјализмот е присутен во речиси сите пори на општеството. Во ова општество семејствата можат да чуваат уметници како свои миленичиња, вели португалскиот писател Круш за својот роман „Да купиме поет“.
- Тоа е книга која говори за важноста на културата во нашиот живот. Особено за нешта за кои можеби мислите дека се бескорисни доколку се има предвид профитот или материјалната благосостојба. Важно е да се напомене дека културата не ја зголемува само нашата среќа, туку во одредени случаи и генерира профит, изјави Афонсо Круш, писател.
За време на економската криза со која се соочуваше Португалија верувале или не културата носеше поголем профит во споредба со текстилната и чевларската индустрија. Вработувањата во близина на одредени културни центри ширум светот бележат раст и тие факти не треба да се запостават, додава Круш.
- Важноста на музејот Гугенхајм во Билбао кој беше изграден за неколку години е одличен пример како уметноста може да биде профитабилна. Сега Гугенхајм Билбао е профит. Тоа го промени градот во целина. Најпознатите готвачи од цел свет работат токму во рестораните во околината на музејот. Самите ресторани бележат неверојатен раст на профитот. Сите услуги, транспортот, продавниците за суфенири сите тие заработуваат благодарение на музејот Гугенхајм во Билбао. Се разбира главната цел секако е културата, но за оние кои се скептици дека уметноста не е профитабилна еве пример за убаво и корисно, изјави Афонсо Круш, писател.
Во книжевната дејност на Афонсо Круш се вбројуваат пет романи кои се преведени на повеќе светски јазици. Добитник е на повеќе награди меѓу кои и наградата за литература на Европската Унија за романот „Куклата на кокошка“. Во изминативе десет години Круш илустрирал над триесет книги за деца кои се закитиле со награди за најдобри оригинални решенија.
Нина Стефанова