
Сашко Коцев: Светскиот ден на театарот повод за симнување на маските
Политиката може да биде театар со своите бројни задкулисни игри, но театарот не смее да се претвори во политика, зашто играта е отворена, вели во македонската порака по повод Светскиот ден на театарот, истакнатиот актер од МНТ и стенд ап комичар, Сашко Коцев. Тој прашува, колкава е моќта на театарот денес, каде треба да цели тој и кој е неговиот краен домет.
„Како што се тврди дека национализмот е последното прибежиште на ништожниците, тогаш одговорно тврдам дека хипербилизирањето на значењето на театарот, односно неговото непотребно мистифицирање или патетизирање, е последното прибежиште на неталентираните.Токму затоа сметам дека е нужно потребна неговата демистификација. Светскиот ден на театарот е одличен повод токму ние, театарските дејци, да ги симнеме маските ставени на наште лица и да проговориме за вистината“, кажа Сашко Коцев-автор на македонската порака за Светскиот ден на театарот.
Во пораката, Коцев се осврнува и на отсуството на театарската критика кај нас денес, прашувајќи што не доведе до тоа, освен новинарски осврти, веќе подолго време да нема кај нас, како што вели тој, вистинска, писмена, вешта и искрена театарска критика. По повод 70 годишнината на Интернационалниот театарски институт при УНЕСКО, кој од 62 година го слави Светскиот ден на театарот, пораки упатија 5 уметници од Брегот на слоновата коска, од Индија, Либан, Велика Британија и од Мексико.
Сотир Трајков