
Уметниците и работниците од независната културна сцена бараат од Владата да формира Специјален фонд за субвенции поради кризата со корона вирусот
Кризата со корона вирусот сериозно ја загрозува егзистенцијата на уметниците и културните работници од независната сцена. Поради тоа, од независната сцена упатија барање до Владата, за формирање Специјален фонд за субвенции, со кој ќе се овозможи исплата на просечни бруто плати за вработени кај правни лица и за самостојни уметници, влезени во системот за бенефиции во Министерството за култура, како и за исплата на просечни нето плати за хонорарно ангажирани уметници и културни работници.
Барањето се однесува за субвенции во период од 6 месеци, започнувајќи од овој месец. По завршувањето на кризата , ќе биде потребен период за адаптација, изнаоѓање мерки и пристапи за ублажување на ефектите и за реформа на нехуманите услови во кои ние работиме и создаваме и секогаш не оставаат на работ на егзистенцијата, велат од вонинституционаланата сцена. Доколку нема соодветна реакција , таа сцена едноставно ќе замре, додаваат од таму. Барањето за Специјален фонд за субвенции, било испратено и до Министерството за култура, но поради актуелниот Закон за култура, кој не дава можност овој ресор да формира таков фонд, од независната сцена очекуваат потег од Владата.
Сотир Трајков