БЕСА контра Министерството за култура

Министерството за култура се оградува од тврдењата на движењето БЕСА за наводна етничка дискриминација на оглас за прием на двајца државни службеници во секторите за издавачка дејност и за културно наследство, кои ги оценува како неточни и неосновани.

Во соопштение ресорното министерство наведува дека огласот се подготвува според постапка спроведена во согласност со Законот за административни службеници и согласно алатката наречена „Балансер“, во која се внесуваат податоци за бројот на вработените по правична застапеност и самиот балансер врз основа на внесените податоци за нови вработувања го пресметува процентот.

Во секторите за издавачка дејност и за културно наследство, укажува министерството, е постигната соодветна правична застапеност на албанската заедница и согласно законските норми во огласот се наведува етничката припадност, во случајот Македонец или Македонка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ