
Со буџет над 7% поголем од ланскиот во 2020 приоритети се културното наследство, музичко-сценските проекти и афирмацијата во странство
Буџетот за култура, годинава изнесува 3 милијарди, 462 милиони, 483 илјади денари. Тој е поголем од минатогодишниот буџет за над 7%, велат за Телма од Министерството за култура.
- Буџетот за култура во 2020 година е поголем од буџетот во 2019 година за 7, 33%. Согласно Стратегијата за развој на културата, годинава приоритети за подршка остануваат заштитата на културното наследство, музичката и драмската програма, како и афирмацијата на земјава во меѓународни рамки, велат од ресорот Култура.
Ставката од буџетот, за дејности и активности е проектирана на околу 3 милијарди, 141 милион денари, а Министерсто за култура ќе располага со околу 321, 5 милиони денари, велат од таму. Од ресорот додаваат дека до 6 февруари ќе бидат објавени резултатите по конкурсите за подршка на проектите со Годишната програма, за да се запази законскиот рок за објавување, најдоцна 45 дена по усвојувањето на државниот буџет.