
Почина британскиот писател, глумец и музичар Нил Инес, ѕвездата на Монти Пајтон
Британскиот писател, глумец и музичар Нил Инес, зѕвездата на Монти Пајтон, почина во 75-тата година од животот, соопшти неговиот агент Најџел Мортон.
Во соопштението од семејството се наведува дека со голема тага ја информираат јавноста дека Нил Инес починал во неделата на 29-ти декември.
„Изгубивме прекрасна, нежна душа чија музика и песни го допреа срцето на секој и чиј интелект и потрагата по вистина не инспирираа“, се вели во соопштенеито.
„Инес почина од природна смрт, брзо, без предупредување“, покрај другото стои во соопштението.
Инес пишуваше песни за поиуларниот филм „Монти пајтон“ и „Светиот грал“, исто така беше член на бендот „Bonzo dog bend“, чија композиција „Јас сум урбан астронаут“ му ја донесе наградата „Ajvor Novelo“.