
Филмот „Дедо и внук“ на Илија Пиперкоски пред скопската публика
По охридската премиера, скопската публика од вечерва ќе може да го види филмот „Дедо и внук“ на Илија Пиперкоски.
Главните улоги во филмот ги играат: Салетин Билал, Даниела Ивановска и Дејан Лилиќ.
Пиперкоски, кој е и сценарист на филмот, создал филмско дело кое е фокусирано на проблемите со здравството, политиката, корупцијата но и меѓучовечките односи на релации: момче-девојка, татко-син и дедо-внук.
Филмот е македонско-романска копродукција.
Нина Стефанова