
„Медена земја“ со награда за најдобра кинематографија во Лос Анџелес
Филмот „Медена земја“ и кинематографите Самир Љума и Фејми Даут ја добија наградата за најдобра кинематографија на престижните Интернационални документарни награди, кои синоќа се одржаа во Лос Анџелес. На режисерот Љубомир Стефанов му беше врачена наградата „Паре Лоренц“, која на ИДА се доделува „за давање пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“, а „Медена земја“ е годинашен добитник.
„Медена земја“ e македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија. По победата на Санденс, Тел Авив и голем број други награди, признанија и номинации, „Њујорк тајмс“и списанието „Арт форум“ ја вброија „Медена земја“ меѓу најдобрите филмови на годината.