„Медена земја“ меѓу најдобрите филмови според „ Њујорк Тајмс“

Документарниот филм „Медена земја“, на режисеритеТамара Котевска и Љубомир Стефанов е меѓу најдобрите филмови на годината, според весникот „Њујорк тајмс“.

  • Овој документарец не е ништо помалку од установен еп, алегорија за животната средина од вистинскиот живот и, не помалку, боцкава комедија за вечниот проблем со непогодени соседи – пишува критичарот А.О. Скот.

На листата на А.О.Скот, за најдобри филмови на годината, се најдоа и остварувања на докажани режисери : „Ирецот“, на Мартин Скорсезе, „Беше еднаш во Холивуд“, на Квентин Тарантино и „Паразит“, на Бонг Јон-хо.

Освен позитивните критики од „ Њујорк тајмс“ , филмот „Медена земја“ ја освои и наградата за најдобар документарец според американската организација -Њујоршки круг на филмски критичари . Со овие последни признанија, „ Медена земја“, собра 15- тина престижни светски награди награди, меѓу кои и 4 во три категории на годинашниов „ Sundance“. Тој е македонски кандидат за „ Оскар“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ