
Премиера на „ Отело“ во МНТ
Потребата да се препознаат знаците на насилство за да се спречи тоа на време, е пораката од Шекспировата трагедија „ Отело“, која вечерва ќе биде премиерно изведена во МНТ, по премиерата во Босанскиот народен театар од Зеница, на 16 ноемри. Режијата ја потпишува Нина Николиќ, која минатата година во театарот во Зеница, ја постави „ Буре барут“ , од Дејан Дуковски.
Како општество треба да се стремиме да ги препознаваме знаците за насилство, за да го спречиме на време, вели режисерката Нина Николиќ, низ македонско- босанската постановка на Шекспировата трагедија „ Отело“.
- Значите на насилство покажуваат што може да биде понатаму. А ние тоа треба да го спречиме на време. Бидејќи кога ќе се случи веќе, работата е завршена- Нина Николиќ- режисерка на претставата.
Љубов, љубомора, страв од неверство. Низ овие мотиви на ликовите, се проблематизира односот кон жената. Дездемона , гори меѓу љубовта кон Маварскиот капетан Отело и љубомората на неговиот знаменосец и пријател, Јаго.
- Дездемона , за мене е модерна девојка. Девојка на 21 век. И полна со љубов и слобода- Дарија Ризова-актерка .
- За мене Отело, покрај таа негова љубомора, која се раѓа со посредство на неговиот многу добар пријател, Јаго, за мене денес Отело е мигрант.За мене денес Отело е и човек кој е изманипулиран- Енес Салковиќ-актер .
- Него го повреди човек кој го сметал за најблизок. И поради тоа, тој направи толку лоши работи, зашто е навистина повреден- Саша Ханџиќ- актер .
„ Отело“ се игра на босански и на македонски јазик , лишен од стиховите на Шекспир, со директен говор, во интерес на разбирањето од младата публика. Во оваа копродукција настапуваат и други актери од МНТ, а во авторскиот тим се и композиторот Дуке Бојаџиев и костимографот Ивана Каранфиловска-Угуровска.
Сотир Трајков