
Промоција на романот „Молчи со отворена уста“ на Снежана Младеновска Анѓелков
Романот „Молчи со отворена уста“ разоткрива тишина која е премолчена и која во еден момент се најде да биде искажана. И тоа се случи во мигот кога ги добив и последните материјални докази досието на мојот дедо Киро Младеновски Казан кој беше последен дел од сложувалката за да може таа приказна да биде раскажана вели Снежана Младеновска Анѓелков .
Личностите во романот се реални, градени и обликувани во рамките на еден реален општествен контекст.
Снежана Младеновска Анѓелков во овој роман храбро се соочува со вистината гледајќи и директно во очи. Роман кој опседнува забележаа промоторитте за нејзиното најново дело.
Нина Стефанова