ЗАПОЧНАА ЧЕТВРТИТЕ„ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ“ НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „КРСТЕ МИСИРКОВ“

Нашиот патрон е наша инспирација со пораката „Јазикот е наше духовно благо“. Тоа благо веќе 66 години го проучуваме на сите рамништа: фонетско, морфолошко, синтаксичко, лексичко – на современ план, но и на дијахрониски- почнувајќи од старословенскиот, преку црковнословенскиот период, па се до стандардизирањето на македонскиот јазик на современа основа. Ние сме единствената научна институција во Република Северна Македонија што организирано и систематски врши дијалектолошки, ономастички, социолингвистички и комуниколошки истражувања, истакна директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ проф. д-р Елена Јованова Грујовска на свеченото отворање на четвртите „Отворени денови“на Институтот.

Во рамките на годинашните „Отворени денови“ чија цел е научната дејност на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ да биде подостапна за научната, за образовната и за културната јавност ќе бидат промовирани два зборника, четири најнови институтски изданија,  промоција на високообразовната дејност на Институтот што заедно ги организира Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ од Скопје и Меѓународната научна конференција на 13 и 14 ноември насловена „Македонски јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања“ во чии рамки ќе учествуваат над 60 домашни и странски учесници.  

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ