„Црвени емоции“ на Маја Стефановска во Музеј на град Скопје

Женски фигури, групни и индивидуални портрети  и нивна трансформација низ сите животни фази и периоди, различни психолошки и емоционални состојби се разоткриваат низ делата на најновиот циклус слики на Маја Стефановска со наслов  „Црвени емоција“.

Станува збор за субјективен проект и како јас минувам низ различни фази, вели Стефановска.  

Црвени емоции како женски емоции. Црвената боја кај мене во делата беше многу присутна како боја и во моите претходни проекти. Јас сакам црвената боја затоа што е многу силна. Асоцира на љубов, на силни жени, на страст, но исто така и со болка може се поврзе и затоа овој циклус е „Црвени емоции“, еден женски циклус и минување на жената низ повеќе фази , вели авторката Маја Стефановска.  

Нејзините дела носат повеќеслојни филозофски пораки, длабоко универзални. Мене ми се многу лирски и поетични. Таа  има исклучителен приод кон сликарстовото. Сосема автобиографско, раскажано во прво лице еднина. Мошне емоционално и јас така ја доживувам. И се надевам публиката ќе ја доживее со истата радост и трепет, оценува Анита Бошкова Доковска, кураторка на изложбата.  

Делата на Маја Стефановска во чие творештво се вбројуваат седум самостојни изложби и учество во повеќе меѓународни проекти ќе бидат изложени во Музејот на град Скопје до 6 ноември.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ