Фоивос Деливориас: Убавината е во нашите разлики

Убавината е во нашите разлики, вели еден од најпознатите грчки композитори и текстописци денес Фиовос Деливориас кој за прв пат одржа концерт во нашата земја во рамките на Фестивалот  на грчки филм и култура.

Во интервјуто за Телма  Деливориас зборува за тешката економска и бегалска криза, за национализмот и за лицемерието кон маргиналните групи.  

Колку е важен меѓукултурниот дијалог меѓу две земји имајќи предвид дека во минатото сведочевме на голем број конфронтации, на дел од нив сведочиме и денес . Во која мера се разликува дијалогот на уметниците од оној на политичарите ?

Деливориас: Уметниците се како пионери. Како што рече еден грчки поет постојат два вида на војни: онаа надворешната кои ја воделе политичарите, генералите, армијата низ вековите чија цел е освојување на нова територија, нови земји и оние внатрешните војни кои ги воделе поетите, уметниците и филозофите чија цел била да се освоиме самите себе и да се запознаеме едни со други. Да се запознаат различни луѓе. Да сфатиме дека убавината е во нашите разлики. Тоа е филозофки елемент. Длабоко филозофско единство.

Кои се стереотипите и предрасудите кои Ве загрижуваат како уметник ?

Деливориас: Го мразам национализмот и луѓето кои ја презираат геј популацијата, малцинствата, луѓето кои се лицемери во однос на бегалците во Европа. Зборот мразам не е точниот збор, поточно се спротивставувам. Точниот збор би бил противник сум на сето тоа. Сметам дека тешката економска ситуација во која сме вовлечени во последниве десет години е хипокризија и кукавички е да се криете зад национализмот, дека сите кои ќе дојдат тука ќе ги земат нашите работни места, дека геј луѓето треба да бидат скриени дома од јавноста.

Старогрчката митологија и старогрчката книжевност секогаш ќе бидат инспиративни. Кои се нештата на кои речиси подзабораваме за кои сметате е важно да се потсетиме, а за кои сметате дека секогаш ќе бидат актуелни ?

Деливориас: Сметам дека особено грчките трагедии многу добро продираат во човечката природа. Имате кралеви кои кога ќе ја изгубаат моќта паѓаат надолу и мораат да се соочат со себе, синови кои навреме не си го осознале својот идентитет, па имаат проблеми со тоа и остануваат без мудрост. Ги имаме и комичарите исто така Аристофан на пример кој од една друга гледна точка го кажува истото.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ