
„Медена земја“ ја доби наградата „Golden Gateway“ на фестивал во Индија
Документарниот филм „Медена земја“ ја доби наградата „Golden Gateway“ за најдобар филм во меѓународната конкуренција на Jio MAMI Mumbai Film Festival with Star.
Фестивалот кој по 21-ви пат се одржува во Мумбаи е еден од најголемите филмски фестивали во Индија.
Документарецот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, соопшти во октомври Друштвото на филмски работници на Македонија.
Филмот се прикажува во кино салите низ цела држава.