
Синдикатот за култура доби позитивен сигнал од владата за нов Колективен договор
По предупредувачкиот марш на почетокот на месецот поради чекањето нов гранков Колективен договор 14 години, претставници од Синдикатот за култура, денеска во владата остварија средба со премиерот Заев и со министерот за култура Исмаили.
Од нив добиле позитивен сигнал за потпишување нов Колективен договор до крајот на годината, со кој ќе се решат статусот и платите на вработените во културата и уметноста, велат од СКРМ. На средбата биле разгледани доставените пресметки за плати од нивна страна и им било укажано дека треба да се усогласат со ставовите и пресметките на СОНК , рекоа од Синдикатот.
Од таму најавуваат нова средба со министерот за култура и со премиерот за две недели, со цел утврдување на новите позиции и ставови околу потпишувањето на новиот Колективен договор.