Фестивал на современ грчки филм и култура од 24 до 27 октомври

Фестивалот на современ грчки филм и култура е добра можност за запознавање на луѓето и културите низ една поинаква перспектива. Слика која ќе отвори нови видици и многу нови можности велат организаторите на тридневниот фестивал кој започнува на 24 октомври.

Целта на овој проект е да се направи првиот чекор, да се зближат луѓето и  нашите земји за да се запознаеме подобро. И покрај тоа што многу луѓе од Северна Македонија ги поминуваат летните одмори во Грција, сепак тоа не е дооволно за да се почувствува и сфати каков е вистинскиот живот во нашата земја. Туризмот и релаксацијата се едно, но секојдневниот живот на обичните луѓе е нешто сосема друго, изјави грчкиот амбасадор, Константинос Прокакис.

Фестивалот има за цел и да се осврне на грчката култура и менталитет, секојдневните предизвици со кои луѓето се соочуваат разоткриени низ современата грчка кинематографија која има важна улога во дијалогот меѓу две различни земји , додава Константинос Прокакис.

Инаку програмата е составена од шест долгометражни играни и документарни филмови од најнова грчка продукција, кои го отсликуваат развојот на грчката кинематографија во последниве години. Сите се тематски разнолики, но сепак доминираат теми кои реферираат на актуелната стварност во Грција особено во однос на економската криза која го зафати грчкото општество во последнава декада, вели организаторот на фестивалот, Небојша Јовановиќ. 

Фестивалот се отвора со филмот Витез  на Атина Цангари, која е повеќекратно наградувана и претставник на новиот грчки филмски бран. Во рамките на фестивалот е и концертот на познатиот грчки композитор и текстописец Фоивос Деливоријас кој ќе изведе филмска музика од познати грчки филмови .

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ