
Витали Манси: Можна ли е демократија на недемократски начин?
1.Тв Телма : Што ве инспирираше да го направите овој филм, посветен на Владимир Путин, филм кој освои Гранд При, минатата година на фестивалот во Карлови Вари, а е направен од Ваши стари материјали, додека бевте соработник на Путин и го следевте неговиот политички подем ?
Очигледно е дека Русија скршна од патот на демократскиот развој и јас бев сведок и дури учесник во тие случувања. Сметам дека е потребно да раскажам за тоа. За општеството да размисли, дали може да се развива демократија по недемократски пат. На некој начин, јас се чувствувам виновен за тоа што се случува. И сакам општеството да размисли, дали може да се спаси демократијата по демократски пат. Затоа овој филм е многу личен за мене.
Витали Манси
2. Тв Телма: Дали после филмот „ Сведоците на Путин “, почувствувавте некаква загрозеност по прашање на Вашата безбедност? Дали имавте притисоци, па решивте со сопругата да заминете во 2015 и да живеете во Латвија?
Знаете, со сопругата ја напуштивме Русија во знак на несогласување со политиката во земјата. Во тоа време конкретно, се случи анексијата на Крим и ни беше очигледно дека така ќе се одвиваат работите. И навистина така се случи како што прогнозиравме. Инаку, опасно е да се спротивставиш на власта во Русија. Тоа е очигледно. Меѓутоа , што се однесува до мојата лична безбедност, јас се обидувам да не рамислувам за тоа. Ви го кажувам тоа, отворено.
Витали Манси
3. Тв Телма: Пред 3 години го реализиравте филмот „ Под сонцето“.Снимен е во Северна Кореја . Зборува за едно семејство кое го исчекува роденденот на тогашниот лидер Ким Јонг- Ил.Колку снимањето во услови на ограничувања од страна на тамошниот систем беше за Вас дополнителен мотив да го претставите реалниот живот во Северна Кореја?
Задача на документарниот филм е да се претстави реалноста на животот. А, задачата на диктатурата е да се сокрие реалноста на животот и од сопствениот народ и од јавноста. Тоа беше спротивно на нашата задача. Верувајте, реалноста во таа земја беше ужасна.
Витали Манси
4. Тв Телма: Живееме во свет кој е политички поделен, а економски зависен. Има бројни предизвици, од глобално загревање до мигрантски кризи. Па, според Вас, каква треба да биде улогата на современиот документарист ?
Целта е секој да се погледне во огледалото на реалноста. И тоа, не матно или искривено и да се најде вистинската точка , во која секој поединец и целата цивилизација можат да се видат и да ја видат реалноста.
Витали Манси
Сотир Трајков