Македонските дизајнери против загадувањето и експлоатацијата на трудот во модната индустрија

Брзата мода, модната индустрија која е втор загадувач по ред и експлотацијата во истата ги обединија различни генерации модни дизајнери во движењето „Модна револуција Македонија“, кое е огранок на глобалното движење Fashion Revolution во кое учествуваат над 80 земји ширум светот. Со разменување на облека и проекции на документарецот „Вистинската цена“, кој ни ја доближува реалноста зад убавото лице на модниот свет и производството во модната индустрија, тие го упатија својот апел против загадувањето.  

Знаеме дека и водата ја нема толку многу како порано и затоа сега има се повеќе еколошки алтернативи. Еве на пример за новата колекција која ја подготвувам јас ќе работам со материјали од банана и пченка што се навистина еколошки и се нова алтернатива на памукот. Многу е интересно дека тие се хипоалергенски, не се тутткаат, а знаеме тоа е најлошта каректеристика на памучните материјали. Многу се пријатни за кожата и не примаат миризбата не се умирисуваат така лесно. Мислам дека тоа е иднината, па дури и сегашноста штом можам јас во Македонија да работам со овие материјали дека ќе го отворам очите на се поголем број колеги да почнат да ги користат овие материјали,

вели Ирина Тошева од „Модна револуција Македонија“.

Со организирање на ваков тип настани, членовите на движењето сакаат да покажат дека секој мал чекор е придонес за поголема етичност во модната индустрија.

Си има тежина само доколку тој бренд работи етички и како што треба. Значи не е само тоа дали мене оваа маица ми се допаѓа или не, дали би ја носела или не би ја носела . Туку треба да размислиме кога ќе ја фатиме целата таа приказна позади. Значи ако е оваа маица 200 денари каде е памукот, каде се луѓето кои го пределе памукот, каде се луѓето кои го шиеле памукот, каде се оние кои го ставиле на закачалка за целиот овој синџир да ја има таа цена,

тврди Точева.

Секој мал чекор е придонес за намалување на загадувањето и поддржување на одржливата мода и секако подигање на свеста за експлоатацијата во текстилната индустрија на која многупати сведочевме и кај нас, велат членовите на движењето Модна револуција Македонија. 

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ