Гостување на јапонскиот Но театар во МНТ

Сиот јапонски фолклор, класичните поеми, будистичките размисли и танцот му пркосат на заборавот благодарение на изведбите на НО театрот. Традиционалната уметност „НО “ e вбројана во листата на УНЕСКО за Светско нематеријално културно наследство.

Тоа што бевме вбројани на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство е резултат на наш долгогодишен ангажман. Меѓутоа самиот факт што сме заштитени од УНЕСКО на ниту еден начин не го промени нашиот начин на работа. Со истата посветеност и тогаш и сега ги изведуваме НО драмите,

вели Акихиро Јамамoто од „Јамамoто Но театар“ во Осака

Серијалот Шогун, кој го гледав уште како дете, ме заинтригира да ја запознаам древна Јапонија, самураите и токму театарот НО низ сите овие години ја сочува таа древна традиција, вели културологот  Петко Славов кој долги години соработува со Јамамoто Но театар во Осака

Музичките инструменти и нивните звуци се истите кои пред 300, 400 години ги свиреле и слушале древните Јапонци. Во Јапонија денес современите, дигиталните технологии се неверојатно распространети, но желбата и посветеноста да се запознаат корените, минатото на таа цивилизација низ НО театарот е токму можноста да научите повеќе за музиката, танцот и драмската уметноост воопшто кои никогаш не изгубија од својата вредност,

додава Славов.

Иако Но како театарска форма не е толку едноставна да се гледа претставата и веднаш да се прими пораката сепак мислам дека публиката и таа што е вон Јапонија поседува сензибилитет да ја почувствува емоцијата која се пренесува од сцената. Верувам дека секој човек кој доаѓа со отворено срце и во себе носи љубов кон она што човештвото го создава дека може се поврзе со НО театарот и сето тоа што тој го претставува,

вели Јамамото.

По крајот на феудализмот кон средината на 19 век, Но  ја губи државната поддршка. Сепак, останува да биде уметност на високата класа, и ја добива  поддршката на водечките бизнисмени. На тој начин, традицијата  на Но успева да опстои до денес кога уметноста зазема централно место во естетиката и културниот идентитет на Јапонија.   

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ