Ѕвездата на виолина Ванеса Меј и Филхармонијата в петок го отвораат „Охридско лето“

Со концертот на светски популарната виолинистка Ванеса Меј, на 12 јули -петок,  во прекрасниот Антички театар во Охрид, свечено ќе започне 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

Британката Ванеса Меј го носи епитетот светско чудо, а ќе настапи заедно со оркестарот на Филхармонија и вокални солисти од Операта, под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров од Бугарија.

Меј стекна светска слава поради виртуозноста, но особено поради нејзиниот оригинален пристап на свирење на виолина, создавајќи фузија од класика со џез и електроника, со цел да ја доближи класичната музика до поширокиот круг на слушатели. На само 13 години таа стана првиот солист на виолина на таа возраст што одржал концерт во Лондон, а подоцна токму нејзиниот микс од т.н. техно и класика и донесе милиони продадени албуми во светот. Во 2006 година беше прогласена за најбогата музичарка под 30 години.

Концертот на Меј со Филхармонија во Античкиот театар, ќе биде нејзин втор настап во земјава, по концертот во Скопје, во мај 2017 година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ