Филхармонија со два концерти на отворено

Со два концерта со музика од култните анимирани филмови и најпознатите дела на поп рок и панк музиката на 23 и 29 јуни  Филхармонијата и Младинскиот културен центар на едно место во Градскиот парк ќе обединат различни генерации. Ваквите концерти се убава можност за поинакви концепти кои ќе привлечат нова публика , различни генерации, сметаат организаторите.

Првиот концерт од двата е со музика од култните анимирани цртани филмови. Музиката од Балтазар, Мечето Ушко, Козле Бозле, Ну погоди сеуште се репер за супериорна музичка илустрација во сферата на анимираниот филм, вели директорот на Националната филхармонија Виктор Илиески.

Диригент на двата концерта „Ну погоди“ и „Љубов и револуција“ е Џијан Емин.

Тие цртани се неверојатни и сега од оваа перспектива претпоставувам сите ќе можат да ја почувствуваат моќта и пораката која ја праќаат овие цртани филмови, а па да не зборувам за музиката која преку аранжманите на Владимир Николов нејзиниот сјај доаѓа во вистинско светло, вели диригентот Џијан Емин.

Очекувам дека во недела ќе имаме еден спектакуларен многу убав концерт со посебни светлосни ефекти и очекувам дека и граѓаните навистина ќе можат да уживаат во вистинските вредности на културата, смета градоначалникот Шилегов.

Вториот концерт на отворено насловен „Љубов и револуција“ чиј диригент и аранжер е Џијан Емин е закажан за 29 јуни, каде ќе бидат изведени дела на „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Ролинг Стоунс“, „Пинк Флојд“, Дејвид Боуви, „Рамштајн“.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ