Осум години Меѓународен фестивал WACTH OUT во Тетово

Ваква јавна филмска проекција е реткост во Тетово. Поради немање на кино сала, на тетовци им се ускратува правото да уживаат во филмската уметност.

Меѓународниот фестивал WACTH OUT е единствената манифестација во градот каде веќе осма година по ред на филмското платно се прикажуваат филмови од познати режисери.   

Целта на фестивалот е да ја пополни празнината на овој вид култура, велат организаторите.

Роберт Алаѓозоски кој неколку пати учествувал во жири комисија на самиот фестивал, смета дека  WACTH OUT има изградено високи стандарди. Спореде него истиот полека ги разбудува властите да преземат мерки и да создадат услови за филмската уметност со оглед на фактот за неа има голем интерес.

На Фестивалот годинава аплицираа 400 филмови од сите континенти, а ќе бидат прикажани 23. WACTH OUT завршува вечерва и истиот се одржува четири дена на отворено во дворот на музејот на Комунистичката партија во Тетово.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ