
„ Медена земја“ награден за најдобар странски филм на фестивалот во Тел Авив
Филмот „ Медена земја“, на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, ја освои наградата за најдобар странски филм, во натпреварувачката програма на DOCAVIV-меѓународен фестивал на документарен филм, кој од 23 мај до 1 јуни се одржува во Тел Авив-Израел. Во одлуката на жирито стои дека тоа едногласно одлучило да награди филм кој прикажува заедница, која живее на маргините на општеството.
- Благодарение на сугестивната нарација и кинематографија, филмот оди многу подалеку од социјален документ и станува фасцинантен портрет на една извонредна жена. Жирито беше поттикнато од интимната медитација за кршливоста на човечкото постоење , во неговата длабока врска со природата, се вели во одлуката на жирито.
DOCAVIV, годинава се одржа по 21 пат, а документарецот „ Медена земја“, до сега освои повеќе награди, меѓу кои, четири во три категории на престижниот „Санденс“, во Јута- САД, во почетокот на годината.