Алек Попов: Свети Кирил и Методиј треба да ги славиме како иноватори, а не низ патетика

Словенските прослетители Кирил и Методиј, треба да ги славиме како иноватори, а не канонски и патетично низ говори, вели современиот бугарски писател, Алек Попов. Во ексклузивното интервју за Телма, по повод добивањето на наградата „Прозарт“, во рамките на 7 литературен фестивал „Про- За Балкан“, Попов зборува за сатирата во неговите романи „Мисија Лондон“ и „Сестри Палавееви“, за која вели дека му донела и непријатности, за обидот да ги ослободи читателите од клишеата и стереотипите преку неговите книги и за наградата „ Прозарт“.

 

  1. Неделава низ повеќе културни настани се чествува празникот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Дали како нивни наследници, на адекватен начин ја третираме нивната оставнина ?
  • Мене ми се чини дека сега , кога го чествуваме тој празник, општо земено , не го оценуваме тој миг, дека тие луѓе биле иноватори на времето. Во смисла дека тоа е еден модерен акт. И многу често канонското ја изместува смислата на тоа дело, кое на некој начин и претходи на Ренесансата, што за мене е најценето, а не толку официјалните говори. И обично тој празник поминува со многу патетика. Јас би сакал во него да го видам тоа што е современо, тоа што не поврзува со минатото и минатото со актуелното.

 

  1. Од фестивалот Про-За Балкан, заминувате со наградата Прозарт, што се доделува за авторски придонес кон балканската литература. Што за Вас значи оваа награда ?
  • Тоа е радост за мене што ја добивам наградата, а уште повеќе што сум во друштво со такви писатели како Светислав Басара, Миленко Јерговиќ, Ѓорги Господинов и др. Со Даша Дрндиќ , која ја познавам одамна, со мојот белградски издавач, Владислав Бајац. Тоа се луѓе што ги познавам лично, долго време и ми е драго да бидам заедно со нив.

 

  1. Во Вашето творештво, особено во Вашите романи „ Мисија Лондон“ и „ Сестри Палавееви“, пишувате на хумористично- сатиричен начин. Па, зошто одбирате ваков пристап ?
  • На тој начин го гледам светот и сметам дека хуморот секогаш доаѓа природно. Тој не се случува на сила. Значи, на човекот му е така поставен погледот на светот, зашто не може на сила. И така. Тоа не е само дарба, тоа е и малку проклетство зашто е поврзано и со непријатности. Никој не сака да биде предмет на потсмев. И кога пишуваш на таков начин, се разбира , секогаш има луѓе кои се чувствуваат засегнати, на некој начин. Секогаш е лесна контроверзноста, но понекогаш таа носи ризик за целата работа. За тоа е потребна извесна храброст.

 

  1. Според Вас, каква е улогата и местото на современиот писател во светот кој станува се повеќе дистописки?
  • Јас гледам на мојата работа, на моите книги , општо земено, тие се критички насочени кон стварноста и луѓето што ги читаат, на некој начин се ослободуваат од заробувачките митологии. Да кажам така, малку посложено, но тоа е вистината. Кога деконструираш некои митови, некои митологии кои конечно ја потчинуваат мислата на луѓето. Моите книги се обидуваат да ги ослободат од тие клишеа и стереотипи.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ